26ти Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм КАМЕРА 300

 

Се оддржа 26-иот Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм КАМЕРА 300. Жирирањето на 53 пристигнати филмови од 11 држави од светот се оддржа од 18-20.10.2018 година во Битола каде што 5 члена комисија донесе одлука за наградените филмови и филмовите во 2 официјални проекции.

Пред многубројните гости и љубители на аматерскиот документарен филм во преполнетата сала на Центарот за култура, фестивалот за отворен го прогласи градоначалничката м-р Наташа Петровска која истакна дека КБК Студио Милтон Манаки и Народна Техника Битола придонесуваат кон ширење на културата не само во Битола туку и во светските рамки.