Меѓународен фестивал за непрофесионален филм КАМЕРА 300

На 1-2.11.2019 год се одржа традиционалниот Меѓународен фестивал за непрофесионален филм КАМЕРА 300 во чест на браќата МАНАКИ во организација на кино-видео клубот Милтон Манаки, Народна техника Битола, Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на Агенцијата за филм на РСМ и општина Битола.Фестивалот го отвори градоначалничката на општина Битола г-га Наташа Петровска.