40 ГОДИНИ ВО КРУПЕН ПЛАН

40 ГОДИНИ ВО КРУПЕН ПЛАН - Македонска фото изложба на млади автори во Шумен, Р. Бугарија

Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“, кој работи во составот на Народна техника-Битола, ја отвори својата прва меѓународна самостојна групна изложба на фотографии на 20.11.2019 год. во Шумен, Р .Бугарија. Дваесет членови на клубот се преставени со 70 фотографии. Благодарност до сите нив за упорната работа, но и до колегите од Бугарија за сиот ангажман кој го дадоа овој проект да успее.