Телевизиска презентација на наградени проекти

Учество на МТВ и презентација на наградени проекти на ученици од натпреварите и манифестациите организирани од Народна техника и Струковите сојузи од регионот на Народна техника-Битола.  

 

 

СТАША БОЖИНОВСКА „НИЖЕ“ ПРИЗНАНИЈА

 

Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ кој работи во составот на Народна техника – Битола учествуваше на конкурсот „Млади уметници 2015“ за млади таленти од 15-29 години во категоријата ФОТОГРАФИЈА.

Од страна на стручното жири во состав: Гоце Наневски (универзитетски професор и продекан за настава на Факултетот за ликовна уметност), Славица Јанашлиева (универзитетски професор – графичар), Игор Сековски (графички дизајн, слободен уметник и дизајнер), Ана Лазаревска (професионален фотограф), Маја Чанкуловска Михајловска (историчар на уметност и куратор во Национална галерија на Македонија) одлучи да додели само една и тоа Специјална пофалница за надежен млад автор на членот на клубот - Сташа Божиновска и нејзиното дело – фотографијата „Diversity and love “ („Различност и љубов“).

Пофалницата на Сташа Божиновска и беше доделена на 29.01.2015 год. од стана на директорот на Агенцијата за млади и спорт г-нот Марјан Спасески.

Во Националната Галерија на Македонија - Мала Станица од 26-28 Февруари ќе биде организирана изложба „Young Art 2015“ на која ќе биде изложено и делото „Diversity and love “ („Различност и љубов“).

Изложбата ќе има продажен карактер, така што сите заинтересирани ќе можат да ги откупат квалитетните, навистина одлични дела од младите уметници кои учествуваа на овој конкурс.

 

 

ФОТОГРАФИЈА НА СТАША БОЖИНОВСКА ПРИМЕНА НА ГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА ФОТО ИЗЛОЖБА

На Меѓународната кружна фотоизложба „ТУРИЗАМ 2014“ (од 23.11. до 04.12.2014 год) во организација на 3 (три) земји: Србија, Турција и Кипар, а под патронат на FIAP, ISF, ICS и други еминентни меѓународни фото организации, Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ кој работи во составот на Народна техника-Битола учествуваше со 4 свои членови: Сташа Божиновска (16 години), Ивона Цветковска (18 години), Илче Блажевски (20 години) и Стефан Талевски (20 години).

На оваа престижна фото манифестација, фотографијата на Сташа Божиновска –„Различност и љубов“ (Diversity and love) е единственa фотографија примена од Република Македонија во конкуренција фотографии од 65 земји од светот. 

Ова е втор Меѓународен успех на младата Битолчанка која во силна меѓународна конкуренција оценувана од 9 мајстори на фотографија го покажа својот талент и уште еден доказ дека Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ е расадник на млади таленти кои можат рамо до рамо да се носат со познати светски имиња во фотографијата. 

СЕРТИФИКАТИ ЗА НАЈДОБРИТЕ

Со доделување на сертификати во Народна техника-Битола заврши програмата „Пофали се со знаење“ на кој 50 ученици се стекнаа со знаења и вештини во кино, фото, радио техниката, електрониката и автоматиката.

Повеќе...

Народна техника - Битола

    Народна техника - Битола е формирана во 1946 година со цел преку повеќе форми на организирање на граѓаните да помогне во управувањето и совладувањето на проблематиката на повеќе технички сознанија кои биле од значење за поствоената изградба, индустријализација, електрификација и  домаќинствата.

   Со формирањето на Стручната служба и изградбата на Домот за техничка култура во 1980 година, Народна техника - Битола станува алка во едукативниот процес на младите во смисла не неформално образование.

   Денеска Народна техника - Битола е граѓанска асоцијација која целосно е во функција на проширување и збогатување на воспитно‡образовната дејност во согласност со наставни курикулуми за слободни технички активности за учениците од основните и средните училишта.

Повеќе...