48 Државен фестивал на непрофесионален филм

На ден 7-8.06.2019 година се одржа 48 Државен фестивал на непрофесионален филм во Конгресна сала ,хотел Монтана, општина Крушево во оранизација на Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија.На 48 Дрзавен фестивал пристигнати беа 56 филмови од 45 автори од кои 26 се самостојни и 7 клубски.Во официјална конкуренција се примени 18 филмови.48 Фестивал го отвори и ги додели наградите градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.