Прва бесплатна школа за непрофесионален филм Стефан Сидовски-Сидо

Во организација на Народна техника на Македонија и Кино сојуз на Македонија на 03-04.10.2020 година во Националната установа Стоби се оддржа Првата бесплатна школа за непрофесионален филм Стефан Сидовски-Сидо во чест на г-дин Стефан Сидовски-Сидо . Почитувајќи го Протоколот на Владата на РСМакедонија за заштита и безбедост при организирање настани од вирусот Ковид 19 школата успешно се реализираше . Школата ја отвори градоначалникот на општина Градско г-дин Роберт Бешовски.