Едукативна посета на меѓународниот саем АГРОТИКА во Солун

Едукативна посета на меѓународниот саем АГРОТИКА во Солун на ден 01.02.2020 година во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот за техничка култура во стопанството на Македонија

АГРОТИКА 2020

Посета на Меѓународниот  саем за земјоделство, техника и опрема, механизација, градинарство, преработка, лозарство, овоштарство, винарство, храна, пчеларство, ветеринарство во Солун „АГРОТИКА 2020“

 Агротика 2020

Традиционална предновогодишна свечена приредба

05.12.2019 Традиционална предновогодишна свечена приредба на учесниците на курс кај Проф. Соља Должан во просториите на Народна техника на Македонија и доделување на пакетчиња од Миклавз на најмладите. Покровител и гостин, амбасадорот на Република Словенија во Македонија г-дин Милан Јажбец.

40-МАКИНОВА и 17-ЕКОНОВА

Од 8-10.11.2019 година во Музеј на град Скопје се оддржа традиционалната Меѓународна изложба на иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, истражувачки проекти и младинско креативно творештво 40 по ред МАКИНОВА и придружена по 17 пат со ЕКОНОВА на који што вкупно учествуваа 112 учесници од кои 38 учесници од соседните држави БИХ, Црна Гора и Србија и 78 учесници од Македонија.Покровител на изложбата и свечено ја отвори претседателот на Република Северна Македонија г-дин СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ кој што после отварањето ги посети сите учесници на 40-МАКИНОВА и 17-ЕКОНОВА и пред него имаа можност да ги презентираат своите иновации, пронајдоци, истражувачки проекти и младинско креативно творештво. Организатори на Меѓународата изложба за иновации, пронајдоци, патенти и истражувачки проекти и младинско креативно творештво 40-МАКИНОВА и 17-ЕКОНОВА се Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички достигнувања на Македонија-СПАТУМ и Народна техника на Македонија  а со поддршка на Министерството за образование и наука на Македонија, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државен завод за индустриска сопственост, Градот Скопје, музеј на град Скопје и Берин. Голема благодарност до покровителот на 40-МАКИНОВА и 17-ЕКОНОВА претседателот на Република Северна Македонија г-дин СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ , голема благодарност до сите учесници од Македонија и соседните држави и долгогодишни традиционални наши поддржувачи Министерствот за образование и наука на РСМ, град Скопје, Министерство за економија на РСМ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државен завод за индустриска сосптвеност на РСМ.