40-МАКИНОВА и 17-ЕКОНОВА

Од 8-10.11.2019 година во Музеј на град Скопје се оддржа традиционалната Меѓународна изложба на иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, истражувачки проекти и младинско креативно творештво 40 по ред МАКИНОВА и придружена по 17 пат со ЕКОНОВА на који што вкупно учествуваа 112 учесници од кои 38 учесници од соседните држави БИХ, Црна Гора и Србија и 78 учесници од Македонија.Покровител на изложбата и свечено ја отвори претседателот на Република Северна Македонија г-дин СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ кој што после отварањето ги посети сите учесници на 40-МАКИНОВА и 17-ЕКОНОВА и пред него имаа можност да ги презентираат своите иновации, пронајдоци, истражувачки проекти и младинско креативно творештво. Организатори на Меѓународата изложба за иновации, пронајдоци, патенти и истражувачки проекти и младинско креативно творештво 40-МАКИНОВА и 17-ЕКОНОВА се Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички достигнувања на Македонија-СПАТУМ и Народна техника на Македонија  а со поддршка на Министерството за образование и наука на Македонија, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државен завод за индустриска сопственост, Градот Скопје, музеј на град Скопје и Берин. Голема благодарност до покровителот на 40-МАКИНОВА и 17-ЕКОНОВА претседателот на Република Северна Македонија г-дин СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ , голема благодарност до сите учесници од Македонија и соседните држави и долгогодишни традиционални наши поддржувачи Министерствот за образование и наука на РСМ, град Скопје, Министерство за економија на РСМ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државен завод за индустриска сосптвеност на РСМ.