53-ти Државен натпревар на Младите истражувачи од Македонија - Наука на млади

На 13 мај 2017 година во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, се оддржа 53-иот државен натпревар на Младите истражувачи од Република Македонија во организција на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи - Наука на младите.

На оваа традиционална манифестација која се одржува по 53-ти пат, учество зедоа 220 ученици од средното образование во Република Македонија кои имаа можност да ги презентираат своите научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.

На оваа манифестација успех на учиниците им посакаа:

- директорката на гимназијата „Гоце Делчев“ г-ѓа Соња Тодоровска

- претседателката на Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија проф. д-р Љубица Каракашова

- градоначалникот на општина Куманово г-дин Зоран Дамјановски 

- амбасадорот на Р. Словенија проф. д-р Милан Јазбец

Им честитаме на сите наградени ученици, и им посакуваме уште многу успеси во иднина.