Изложба МАКИНОВА 2018 и 16 ЕКОНОВА 2018

Одржана 39-та Меѓународна изложба на иновации, патенти, истражувачки проекти индустриски дизајн, младинско творештво и трговски марки МАКИНОВА 2019 и16 Еконова 2018 во организација на НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА и СПАТУМ.

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО - МАКИНОВА 2018, ЕКОНОВА 2018

Почитувани

Имаме задоволство да Ве известиме дека во организација на Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ и Народна техника на Македонија во континуитет од 1980 година по 39-ти пат се организира изложбата МАКИНОВА 2018 на која се изложуваат пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско истражувачко и креативно творештво. Изложбата ќе е придружена со 16-тата изложба ЕКОНОВА 2018 на иновации , пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина.

Манифестациите ќе се одржуваат во спортската сала Борис Трајковски - Скопје во рамките  на саем ТЕХНОМА , во  периодот  од 24-ти до 28-ми Октомври 2018 год.

СПАТУМ го упатува ПОВИКОТ до поединци, производни компании, научно истражувачките организации, факултети, училиштата, самостојните иноватори, клубовите на младите техничари и природници, наука на млади истражувачи да земат учество на најголемата манифестација во Македонија поврзана со инвентивното креативното творештво, МАКИНОВА 2018 и ЕКОНОВА 2018.

Со своето присуство бидете дел од традицијата и инвентивното движење во Македонија, и искористете ја единствената можност да пред пошироката стопанска заедница и јавноста во Република Македонија да ја промовирате и афирмирате вашата идеја, иновација, пронајдок, нов производ, техничко унапредување, дизајн и трговска марка.

Пријавите за учество се прикачени  на www.atcm.org.mk . Вашите пријави ги очекуваме електронски или по пошта најдоцна  до 15 октомври 2018 година  на адреса :

СПАТУМ  ул.Градски Ѕид блок 5 Република Македонија  п.фах 14 Скопје 1000

Тел. ++ 398 02 3238357                                                Организационен одбор на СПАТУМ

mail:   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.                        Коста Трпковски, Претседател                         

facebook:  www.facebook.com/SZTKMnarodnatehnika