За нас

Организацијата на Народна техника на Македонија е формирана во 1946 година, со задача да ги воспитува и образува во прв ред, младите на планот на освојувањето на техничките знаења и да оспособува кадри за обновата и изградбата на земјата. Во тоа време, активностите на оваа Организација, првенствено, беа насочени кон неколку гранки на техниката: воздухопловството, радиоаматериз мот, автомобилизмот и фото и киноаматеризмот. Во текот на својот 50 – годишен развој, Организацијата на Народна техника на Македонија, следејќи го научно – техничкиот прогрес, разви широка лепеза на активности, чии резултати се очигледни во образованието, науката, одбраната, во откривањето и стимулирањето на надарени млади, во сто- панството. Голем број аматери што поминале низ бројните организации на Народна техника, денес се респектирани научни и истражувачки работници, академици, универзитетски професори, конструктори, познати уметнички фото- графи и филмски дејци, пилоти, нуркачи, итн. Денес, над 5000 просветни, научни и други стручни работници се вклучени, на доброволна основа, во системот на развојот на техничката писменост и култура на младите, што се одвива во повеќе од 3800 основни организации на Народна техника.

Народна техника на Македонија, своите активности ги реализира преку основните организации здружени во Општински организации на Народна техника и преку Струкови- те сојузи, кои претставуваат специјализирани организации здружени во Народна техника.

Проширувањето на активностите на Народна техника на територијата на целата Република се одвива преку Општинските конференции.

Уште во 1948 година, Народна техника на Македонија разви бројни активности во 30 општини во Македонија. Со текот на времето се конституираа општински конференции на Народна техника, кои станаа значаен фактор во развојот на техничката култура во тие средини. Овие организации на Народна техника, кои дејствуваат во општините, даваат посебен придонес во ширењето на техничката култура во училиштата, производствените претпријатија, во месните заедници, на село, итн., а особено треба да се одбележи нивниот активен однос во формирањето и развојот на специјализираните организации на струковите сојузи што работат при Народна техника на Македонија (клубови, друштва, полигони, лаборатории, кабинети, работилници, итн).

Проширувањето на дејностите во Народна техника на Македонија овозможи да се зголеми и бројот на специјализираните организации кои се здружени во неа. Тоа се: Сојузот на радиоаматерите, Фото сојузот, Кино сојузот, Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања, Сојузот на клубови на млади техничари и природници, Сојузот на клубови за техничка култура во претпријатијата, Сојузот на астронаутички и ракетни организации, Сојузот на микросметачка техника и информатика, Сојузот на ученичките задруги, Сојузот на организациите на движењето „Науката на младите”, Сојузот на подводни активности, Едриличарскот сојуз, Кајакарскиот сојуз на мирни води, Кајакарскиот сојуз на диви води, Реиубличкиот одбор на наставниците по Основи на техниката и производството, Републичкиот одбор на друштвото „Никола Тесла”.

Сите сојузи при Народна техника остваруваат свои снецифични програмски задачи со значајни стручно – технички содржини.

Меѓу најмасовните активности на Народна техника спаѓаат: Смотрите на младите техничари и природници, кои годишно опфаќаат околу 7.000 ученици од основното образование и Смотрите на движењето на „Науката на младите”, во кои учествуваат над 3.000 млади од средното образование.

Особено се масовни и работно – производствените натпревари кои се спроведуваат за повеќе занимања и струки: ме- талната индустрија, текстилната индустрија, градежништвото, агрокомплексот, дрвната индустрија, шумарството и други. Годишно, овие работно – производствени натпревари опфаќаат над 5.000 работници.

Сојузот на пронаоѓачите и авторите на техничките унапредувања ги обединува и иноваторите и рационализаторите, кои во периодот од 1957 до 1990 година остварија 580 заштитени производи и над 30.000 иноваторства и рационализации.

Сојузот на радиоаматерите придонесува за развој на радио- аматерската комуникација, радиоконструкторството и формирањето на „мрежа за опасност”.

Воздухопловниот сојуз обучува моторни пилоти, едриличари, падобранци и повеќе профили од воздухопловното моделарство.

Авто мото сојузот работи на ширењето на сообраќајно – техничката култура и подобрувањето на безбедноста во сообраќајот.

Фото сојузот, како и Кино сојузот, придонесуваат за развојот на фотографската и филмската култура, развојот и унапредувањето на фотографското и филмското творештво. Народна техника на Македонија, прва ја воведе масовната обука на младите во областа на микросметачите.

Основните организации на Народна техника на Македонија располагаат со релативно добра материјално – техничка база. Во 17-те Домови за техничка култура се оформени рабо-тилници за обработка на дрво, метал, пластика, стакло и други композитни материјали, фото-видео-кинолаборатории, училници за микросметачка техника, радиокомуникација, кабинети за научно – истражувачка дејност, за сообраќајно – техничка култура, за електроника и друго.

Покрај Домовите за техничка култура, организациите на Народна техника поседуваат: 5 спортски аеродроми во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Битола; хангари, при- дружни објекти, опрема и летачки парк (15 авиони, 15 едрилици, 150 падобрани и 5 лесни летала), автодроми во Скопје, Кавадарци, Струмица, Битола и Велес; лансирни полигони на Жеден крај Скопје, Криволак и во реонот на село Трпеица; релејни телекомуникациски постројки на Водно, Солунска Глава, Туртел, Шара, Голак и Пелистер.

Во повеќе општински центри, месни заедници и други средини, каде нема Домови за техничка култура, работат број- ни радио, фото-кино, авто мото клубови, како и оние за спортови на вода и подводни активности, автори на технички унапредувања, млади техничари и други клубови организирани на територијален принцип.

Досега, во организациите на Народна техника во општини- те и во специјализираните организации членувале околу 300.000 членови.

Ваквата широка лепеза на активности, а уште повеќе благородната мисија на организацијата на Народна тсхника на Македонија, најде место и во интересирањата на државата. Имено, програмските активности на оваа Организација материјално се помогнати од државата, а Собранието на Република Македонија, имајќи го предвид значењето на техничката култура, законски ја регулира оваа материја, од што произлезе и формирањето на Одделението за следење и унапредување на техничката култура при Министерството за наука на Република Македонија.