Едукативна екскурзија и посета на Државен натпревар на Младите истражувачи во Словенија
Имавме успешен завршеток на двата најголеми Државни натпревари, едниот за клубови на младите техничари и природници за ученици од основните училишта, а другиот за младите истражувачи - Наука на млади, за ученици од средни училишта кои ги организираше на Народна техника на Македонија и Струковите сојузи.
За првите три места, на секој од учениците беа доделени медали и дипломи, а за најдобрите од овие Државни натпревари следуваше уште една награда од Народна техника на Македонија, а тоа е Едукативната посета на Словенија, Австрија, Хрватска и Србија.
Учениците имаа можност да присуствуваат на Државен натревар во Мурска Собота во Словенија, и да посетат разни знаменитости и едукативни центри од техничката област во Австрија и Србија.
Како си поминавме може да погледнете на фотографиите кои ги издвоивме подолу, а повеќе фотографии може да најдете на нашата фан страна на Фејсбук.
53-ти Државен натпревар на Младите истражувачи од Македонија - Наука на млади
На 13 мај 2017 година во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, се оддржа 53-иот државен натпревар на Младите истражувачи од Република Македонија во организција на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи - Наука на младите.
На оваа традиционална манифестација која се одржува по 53-ти пат, учество зедоа 220 ученици од средното образование во Република Македонија кои имаа можност да ги презентираат своите научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.
На оваа манифестација успех на учиниците им посакаа:
- директорката на гимназијата „Гоце Делчев“ г-ѓа Соња Тодоровска
- претседателката на Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија проф. д-р Љубица Каракашова
- градоначалникот на општина Куманово г-дин Зоран Дамјановски
- амбасадорот на Р. Словенија проф. д-р Милан Јазбец
Им честитаме на сите наградени ученици, и им посакуваме уште многу успеси во иднина.
Се оддржа 54-от Државен натпревар на млади техничари и природници од Р. Македонија
На 20 април 2017 година, се оддржа 54-от Државен натпревар на млади техничари и природници од Република Македонија во организација на Сојузот на здруженијата на техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на клубови на млади истражувачи и природници на Македонија.
На овој натпревар, кој се оддржа во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп, учество зедоа 380 ученици од основните училишта од повеќе градови во Република Македонија кои имаа можност да ги презентираат своите научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.
Посета на саемот за храна во Солун
Во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот за техничка култура во стопанството на Р.Македонија се реализира посета на меѓународниот саем за храна, земјоделство, техника и опрема, градинарство,преработка, лозарство, овоштарство, винарство ,пчеларство, ветринарство, што се одржа во Солун на 4 март 2017 година.