• Деловни соработници
  • Дома
  • За Народна Техника
  • Новости
  • Галерии
  • Контакт

Сојузи

  • Сојуз за техничка култура во стопанстовото на РМ
  • Сојуз на клубовите на млади техничари и природници
  • Сојуз на здруженијата на младите истражувачи
  • Кино сојуз
  • Фото сојуз
  • СПАТУМ
  • Радиоматерски сојуз
  • СПАМ

Регионални центри

  • Битола
  • Кичево
  • Гостивар
  • Кавадарци
  • Струмица
  • Тетово
  • Штип
  • Скопје
  • Берово
  • Велес
  • Куманово
  • Прилеп
  • Пробиштип

Барај

Вие сте на: Дома

53-ти Државен натпревар на Младите истражувачи од Македонија - Наука на млади

На 13 мај 2017 година во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, се оддржа 53-иот државен натпревар на Младите истражувачи од Република Македонија во организција на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи - Наука на младите.

На оваа традиционална манифестација која се одржува по 53-ти пат, учество зедоа 220 ученици од средното образование во Република Македонија кои имаа можност да ги презентираат своите научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.

На оваа манифестација успех на учиниците им посакаа:

- директорката на гимназијата „Гоце Делчев“ г-ѓа Соња Тодоровска

- претседателката на Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија проф. д-р Љубица Каракашова

- градоначалникот на општина Куманово г-дин Зоран Дамјановски 

- амбасадорот на Р. Словенија проф. д-р Милан Јазбец

Им честитаме на сите наградени ученици, и им посакуваме уште многу успеси во иднина.


 

Се оддржа 54-от Државен натпревар на млади техничари и природници од Р. Македонија

На 20 април 2017 година, се оддржа 54-от Државен натпревар на млади техничари и природници од Република Македонија во организација на Сојузот на здруженијата на техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на клубови на млади истражувачи и природници на Македонија.

На овој натпревар, кој се оддржа во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп, учество зедоа 380 ученици од основните училишта од повеќе градови во Република Македонија кои имаа можност да ги презентираат своите научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.


Посета на саемот за храна во Солун

Во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот за техничка култура во стопанството на Р.Македонија се реализира посета на меѓународниот саем за храна, земјоделство, техника и опрема, градинарство,преработка, лозарство, овоштарство, винарство ,пчеларство, ветринарство,  што се одржа во Солун на 4 март 2017 година.  

Доделување на признанија во Пробиштип

Доделување на плакети, признанија и благодарници на активисти и волонтери на Народна техника на Македонија од општините Пробиштип, Ранковце, Кратово и Крива Паланка. Доделувањето на признанијата беше во Дом на културата во Пробиштип, во организација на Народна техника Пробиштип. 

Доделување признаниjа на членови и активисти во Струковите сојузи

Доделување на златни плакети, признанија и благодарници на активисти и волонтери, кои се членови на комисии од натпреварите, изложбите и другите манифстации, кои што ги организираат Струковите сојузи членки на СЗТКМ - Народна техника на Македонија и тоа СКМТП и Наука на младите истрашувачи. 

Доделувањето на признанијата беше во салата на Природно научен музеј во Скопје.  

Повеќе артикли...

  1. Доделување на плакети и признанија во НТ Куманово
  2. Признанија за вработените во Народна техника
  3. Доделување плакети во НТ Прилеп
  4. Доделување на плакети во НТ Берово

Страница 17 од 30

  • Почеток
  • Пред
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • Следно
  • Крај

Copyright © 2012. Сите права задржани.

Народна Техника на Република Македони