На ден 07.06.2021 година во 14 часот во средното техничко училиште Наце Буѓони, општина Куманово свечено беа доделени дипломите и медаљите од 57 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ за ученици од средно образование. Дипломите и медаљите ги додели градоначалникот на општина Куманово г-дин Максим Димитриевски..Во организација на Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на МОН. Почитувајќи ги сите мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид19 од Комисијата за заразни болести и Владата на РС. Македонија.