На ден 10.06.2021 година во 10 часот во основното училиште Гоце Делчев, општина Ресен свечено беа доделени дипломите и медаљите од 57 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ за ученици од средно образование и од 58 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија за ученици од основно образование. Дипломите и медаљите ги додели градоначалникот на општина Ресен г-дин Живко Гошаревски. Во организација на Сојузот на здруженија на млади истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ, Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на МОН. Почитувајќи ги сите мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид19 од Комисијата за заразни болести и Владата на РС. Македонија.