Доделување дипломи и медаљи за Скопски регион за ученици од средно образование

На ден 29.06.2021 година во 9.30 часот во средното медицинско училиште Д-р Панче Караѓозов, општина Центар, Скопје свечено беа доделени дипломите и медаљите од 57 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ за ученици од средно образование. Дипломите и медаљите ги додели директорот на ДЗИС г-дин Горан Герасимовски и директорката на училиштето  Маја Сали. Во организација на Сојузот на здруженија на млади истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ и Народна техника на Македонија а со подршка на МОН. Почитувајќи ги сите мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид19 од Комисијата за заразни болести и Владата на РС. Македонија.