Доделување дипломи и медаљи за Скопски регион за ученици од основно образование

На ден 17.06.2021 година во основното училиште Гоце Делчев, општина Центар, Скопје свечено беа доделени дипломите и медаљите од 58 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија за ученици од основно образование. Дипломите и медаљите ги додели градоначалникот на општина Ценатр, Скопје г-дин Саша Богдановиќ. Во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на МОН. Почитувајќи ги сите мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид19 од Комисијата за заразни болести и Владата на РС. Македонија.