Одбележани 59 години од смртта на Милтон Манаки

Во организација на Кино-видео клубот „Студио Милтон Манаки“, при Народна техника – Битола и Комуната на Власите „Браќа Манаки“, на 05.03.2023 год. на влашките гробишта во Битола, се оддржа чествување по повод 59 годишнината од смртта на Милтон Манаки. Во чест на првиот снимател на Балканот и патронот на Кино-видео клубот „Студио Милтон Манаки“, свежо цвеќе покрај Градоначалникот на општина Битола, претставници на Советот на општина Битола, положија и претставници на Народна техника – Битола и Народна техника на Македонија, на Кинотека Македонија, на Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“, Културно информативниот центар – Битола, Центарот за култура – Битола, Архивот на Битола, Генералниот конзул на Р. Грција во Македонија, претставници на Власите и други кои го чуваат и негуваат делото на браќата Манаки.