Отварање на 60 Државен натпревар на младите техничари и природници од Р.С. Македонија

На ден 09.04.2023 год. се одржа 60 Државен натпревар на млади техничари и природници од Р.С. Македонија за ученици и ментори од основните училишта во 25 области од применети природни и технички науки со истражувачки проекти во организација на Сојуз на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на Министерството за образование и наука на Р.С. Македонија и домаќин ССОУ Коле Неделковски општина Велес, На 60 Државен натпревар на млади техничари и природници од Р.С. Македонија се обрати и го отвори државниот секретар на Министертвото за образование и наука на Р.С. Македонија г-ѓа Анета Трпевска а присутни беа и 4 пратеници од Собрание на Р.С. Македонија, советник од Влада, претставници од инспекторати, директори на основни и средни училишта,универзитетски професори и бизнис сектор. Овој 60 Државен натпревар беше во чест на нашиот починат колега, извршен директор и претседател г-дин Зоран Тодоров кој што даде голем придонес не само за младите во општина Велес туку и на за младите во цела Македонија па и на меѓународно ниво.