Прва школа за млади иноватори со учесниците на 44 МАКИНОВА и 21 ЕКОНОВА 2023

12.11.2023г ПРВА ШКОЛА ЗА МЛАДИ ИНОВАТОРИ со учесниците на 44 МАКИНОВА и 21 ЕКОНОВА 2023 од Беровскиот регион која што е во чест на нашиот починат активист проф.др Трпе Груевски кој бил претседател на Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Југославија од Македонија во период 1983-1986. година, бил претставник од Македонија во Светската федерација на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања во период 1983-1990 година, бил 15 години претседател на Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија, еден од основачите на МАКИНОВА и автор на голем број патенти, иновации, публикации, книги и научно истражувачки трудови. Првата бесплатна школа за млади иноватори ја отвори и се обрати градоначалникот на општина Берово г-дин Звонко Пекевски. Учесници беа ученици и професори од основните и средните училишта од Беровскиот регион кои учествуваа на 44-МАКИНОВА и 21-ЕКОНОВА 2023, неговата керка, неговите внуци и други членови на неговата фамилија, претставници од организаторите Народна техника на Македонија, Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ, Народна техника Берово и домакин на Првата школа за млади иноватори беше ОСУ Ацо Русковски- Берово. Оваа Прва школа за млади иноватори проф-др Трпе Груевски ќе се организира секоја година и ќе го има неговото име и презиме.