Свечено прогласување и доделување на наградите на Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, нови технологии и производи, истражувачки проекти и младинско истражувачко и иновативно творештво 44 МАКИНОВА и 21 ЕКОНОВА од покровителот на настанот претседателот на РСМакедонија г-дин Стево Пендаровски

Свечено прогласување и доделување на наградите на учесниците на Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, нови технологии и производи, истражувачки проекти и младинско истражувачко и иновативно творештво 44 Макинова и 21 Еконова 2023. Настанот го посети покровителот претседателот на РСМакедонија г-дин Стево Пендаровски. Оваа година покрај учесници од нашата држава имаше и учесници од Црна Гора, БИХ и Бугарија. На 44 Макинова и 21 Еконова покровител беше претседателот на Р. Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски. Традиционална Мегународна изложба на иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, нови технологии и производи, истражувачки проекти и младинско истражувачко и иновативно творештво 44 Макинова и 21 Еконова која што ја организираа Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ, Народна техника на Македонија, Народна техника Берово а подржано од Министерството за образование и наука и општина Берово. Настанот се одржа во ОСУ Ацо Русевски Берово 10 до 12.11.2023. Голема благодарност од учесници и организаторите до претседателот на РСМакедонија г-дин Стево Пендаровски за покровителство, за присуството, посетата на штандовите и доделувањето на дел од наградите на настанот.