Свечено прогласување и официјална проекција на наградени филмови од 52 Државен фестивал на непрофесионален филм

Свечено прогласување и официјална проекција на наградени филмови од 52 Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија кој се оддржа во Мулти-културен центар, општина Кочани во организација на Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија, а со поддршка на агенцијата за филм, општина Кочани и Подружница – Народна техника Кочани. На фестивалот се обрати и ги додели наградите претседателот на советот на општина Кочани д-р Лазо Митев. Наградите од UNICA ги добија за 2021 година г-дин Владимир Ангелов – директор на Кинотека на Р. Северна Македонија а за 2022 година наградата ја доби г-дин Драган Вељановски режисер и претседател на Академски кино клуб, а ги додели г-дин Мице Чаповски. Голема благодарност до сите учесници, Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија и општина Кочани.