Трета бесплатна школа за непрофесионален филм

На 20 – 22.10.2023 успешно се оддржа Третата бесплатна школа за непрофесионален филм за наградени учесници од 52 ДФНФ и наградени учесници од основните и средните училишта од натпреварите што ги организира Народна техника на Македонија и Струковите сојузи во чест на Стефан Сидовски Сидо, а во организација на Народна техника на Македонија, Кино сојуз на Македонија, Подружница на Народна техника на Кочани, а со поддршка на Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија и општина Кочани. Благодарност од организаторите до сите учесници, подржувачи и предавачи – (проф. др Мишо Нетков, Ф.А.М. Петре Чаповски, филмски аматер Јане Темелковски, филмски аматер Мице Чаповски, режисер Драган Вељановски и модератор Пере Митрев) при реализација на оваа трета школа за непрофесионален филм „Стефан Сидовски Сидо“. Домаќин на школата беше ООУ Крсте Петков Мисирков, с. Оризари, општина Кочани, хотел Центро Бизнис – општина Виница и филмското сафари со учесници на 52 ДФНФ во општина Кочани.