57 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ

Во периодот од 12 до 17.05.2021 година успешно онлајн се одржа 57 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија за ученици од средните училишта во 25 области од применети природни и технички науки со истражувачки проекти. Прогласувањето и доделувањето на дипломите беше реализирано со физичко присуство по региони и почитувајќи ги мерките и препораките на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМакедонија при организирање настани.Организатори на 57 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија се Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на Министерството за образование и наука на РСМакедонија.