На 14.05.2022 год од 9-15 часот се одржа 59 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија во организација на Сојуз на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија. На отварањето се обрати и го отвори градоначалникот на општина Росоман г-дин Стојан Николов а домакин беше ООУ Пере Тошев општина Росоман со физичко присуство во 6 области (бродомоделарство,електроника,ракетно моделарство,градежништво,воздухопловно моделарство и сообраќајно моделарство) а останатите 19 области се одржаа од 07-08.05.2022 год онлајн.Благодарност до градоначалникот на општина Росоман г-дин Стојан Стојанов и директорката на ООУПере Тошев г-га Санја Панрин Малинков , училишниот тим и сите учесници ученици,ментори, директори и училишта од организаторите.