Известување за 57-от Државен натпревар на младите истражувачи на Македонија
Почитувани,
Поради новите мерки донесени од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести Ве информираме дека 57-от Државен натпревар на младите истражувачи на Македонија- Наука на млади кој беше закажан да се одржи од 24 април 2021 година се презакажува за месец Мај за што ќе бидете навремено информирани.
Ви Благодариме на разбирањето,и чувајте се
Со почит,
Сојуз на здруженијата на младите истражувачи на Македонија
- Наука на млади
Претседател,
Проф.д-р Љубица Каракашова
Известување за 58-от Државен натпревар на младите техничари и природници на Македонија
Почитувани,
Поради новите мерки донесени од Владата на Република Северна Македонија и
Комисијата за заразни болести Ве информираме дека 58-от Државен натпревар на младите техничари и
природници на Македонија кој беше закажан да се одржи од 10 април 2021 година се презакажува за месец мај за што ќе бидете навремено информирани.
Ви Благодариме на разбирањето,
Сојуз на клубовите на младите техничари и
природници на Македонија
Претседател,
Проф. Ана Соколовска
Конкурс за учество на 59 Државна изложба на фотографии-59-ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2021
Конкурс за учество на 59 Државна изложба на фотографии-59-ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2021 во организација на Фото сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија
Конкурс за пријавување на регионални и 58 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија - СКМТПМ
КОНКУРС за пријавување ученици од основните училишта од Македонија на регионалните натпревари и 58 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија-СКМТПМ по применети природни и технички науки во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија. Пријавите за регионалниот натпревар треба да бидат доставени до 10.03.2021, а натпреварите треба да се одржат заклучно со 25.03.2021. 58 от државен натпревар на млади техничари и природници на Македонија ќе се одржи на 10.04.2021 он-лајн или со физичко присуство за што дополнително ќе ве информираме.
Конкурс за пријавување на 57 Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија - НАУКА НА МЛАДИ
Конкурс за пријавување на ученици од средните училишта од Македонија на 57 Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ во применети природни и технички науки во организација на Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија-НАУКА НА МЛАДИ и Народна техника на Македонија. 57 от државен натпревар на младите истражувачи од Македонија - НАУКА НА МЛАДИ ќе се одржи на 24.04.2021 он-лајн или со физичко присуство за што дополнително ќе ве информираме.
Повеќе артикли...
- Фотографии од прогласување и доделување награди и медаљи за одржаниот 57 Државен натпревар на младите техничари и природниции од Македонија - Ресен
- Фотографии од прогласување и доделување награди и медаљи за одржаниот 57 Државен натпревар на младите техничари и природниции од Македонија - Охрид
- Фотографии од прогласување и доделување награди и медаљи за одржаниот 56 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија - Струмица
- Фотографии од прогласување и доделување награди и медаљи за одржаниот 56 Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија - Битола