Доделување дипломи и медаљи за Струмички регион за ученици од средно образование

На ден 09.06.2021 година во средното училиште Димитар Влахов, општина Струмица свечено беа доделени дипломите и медаљите од 57 Дрзавен натпревар на младите истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ за ученици од средно образование и од 58 Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија за ученици од основно образование.Дипломите и медаљите ги додели началникот за образование на општина Струмица г-дин Зоран Узунов и директорот Димитар Ѓерѓев. Во организација на Сојузот на здруженија на млади истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ, Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на МОН. Почитувајќи ги сите мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид19 од Комисијата за заразни болести и Владата на РС. Македонија.