15.10.2025 Едукативна работилница со ученици од 1 до 9 одделение во ООУ Ванчо Китанов во село Црник за моделарски области: ракетно моделарство, воздухопловно моделарство, бродо моделарство, сообраќајно моделарство , градежништво и архитектура. во организација на Народна техника на Македонија, Сојуз на клубови на млади техничари и природници на Македонија – СКМТП, Народна техника Берово а со поддршка на градоначалникот г-дин Александар Китански, општина Пехчево и ООУВанчо Китанов во с.Црник и Пехчево. Прекрасно поминат ден и прекрасни креативни модели и идеи на 49 ученици-учесници и 16 нивни ментори. Инструктори на работилницата беа проф. Светланка Арсеновска и проф. Владимир Крстевски. Голема благодарност од Народна техника на Македонија за долгогодишната соработка и поддршка со градоначалникот г-дин Александар Китански, општина Пехчево и ООУ Ванчо Китанов во Пехчево и село Црник. Честитки за сите 49 учесници и нивните прекрасни модели и идеи.








