Македонска екипа на наградени ученици и ментори предводена од Народна техника на Македонија учествуваше на Меѓународна едукативна работилница

24.05.2025 год Кога нема политика има пријателство на млади истражувачи и иноватори, наука, истражување, иновации, еколошки проекти и заедничка дружба и размена на знаења на ученици и ментори од Македонија и Бугарија. Македонска екипа на наградени ученици и ментори предводена од Народна техника на Македонија учествуваше на Меѓународна едукативна работилница за ученици и ментори од основни и средни училишта од Македонија и Бугарија прдавач проф.др Даниела Миланова во сала на Читалиште – општина Кочериново, Бугарија а беше присутен и се обрати градоначалникот на општина Кочериново г-дин Станислав Горов, претседател на Совет г-дин Раичко Калаиджииски, заменик градоначалник Ива Черногорска, други советници, професори, ученици и други гости, .Потпа беше посетено основно-средно училиште Христо Ботев – општина Кочериново, нивната приредба по повод Сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј и беше направена посета на Стобските пирамиди и Рилскиот Манастир. Потпишан и меморандум за соработка на Народна техника на Македонија-Пере Митрев,Македонија и Здружение за успех-Даниела Миланова , Бугарија во областа на образование, наука , истражување, иновации, екологија и техничка култура.