Потпишан меморандум за соработка на Народна техника на Македонија-Пере Митрев, Македонија и Здружение за успех-Даниела Миланова, Бугарија

24.05.2025 год Кога нема политика има пријателство на млади истражувачи и иноватори, наука, истражување, иновации, еколошки проекти и заедничка дружба и размена на знаења на ученици и ментори од Македонија и Бугарија.

Потпишан меморандум за соработка на Народна техника на Македонија-Пере Митрев, Македонија и Здружение за успех-Даниела Миланова, Бугарија за ученици од основни и средни училишта од Македонија и Бугарија во областа на образование, наука , истражување, иновации, екологија и техничка култура за млади истражувачи и иноватори.