Успешно се одржа 45-МАКИНОВА и 22-ЕКОНОВА 2024

Свеченото отварање беше на 09.11.2024 година во 09.30 часот . На отварањето се обрати и го отвори претседателката на Р.Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска Давкова. После обраќањето и отварањето на настанот учесниците си ги презентираа своите иновации,пронајдоци, патенти, истражувачки и иновативни проекти и производи пред Оценувачка комисија која што беше составена од членови од 7 Министерства и институции и член од соседните држави. На 09.11.2024 година штандовите на учесниците на 45 МАКИНОВА И 22 ЕКОНОВА 2024 беа посетени од делегација предводена од премиерот на Р.Македонија г-дин Христијан Мицкоски, вицепремиерот г-дин Александар Николовски, министерката во Министерството за образование и наука на Македонија г-ѓа Весна Јаневска, пратеници, градоначалникот на општина Велес Марко Колев, други претставниици од Влада и Собрание на Македонија. Сите учесници на Меѓународниот настан 45 Макинова и 22 Еконова 2024 беа посетени и имаа можност да ги презентираат своите иновации , пронајдоци, патенти, иновативни и истражувачки проекти и производи пред Премиерот на Р.Македонија г-дин Христијан Мицкоски ,вицепремиерот г-дин Александар Николовски, министерката во Министерството за образование и наука на Македонија г-ѓа Весна Јаневска,градоначалник Марко Колев  и другите членови на делегацијата.

После обиколката на сите учесници на нивните штандови имаше обраќање од Премиерот на Р.Македонија г-дин Христијан Мицкоски на крајот од посетата се обрати до сите присутни со подршка до сите да продолжат со своите иновации и пронајдоци и покрај сите тешкотии кои што е можно да им се појават при нивна реализација но од него како премиер и Владата на Р.Македонија секогаш ќе бидат подржани и се со цел младите да останат во нашата убава држава Македонија.