Школа за млади истражувачи НАУКА НА МЛАДИ во областа на агротехничката култура

24.09.2022 Посета, работилница,предавања и практична примена на овошниот насад од јаболка сопственост на г-дин Крсте Ѓоршевски од општина Ресен и поддршка на Преспанскиот Јаболкобер со наградени ученици-млади истражувачи и ментори од средните училишта од 58 Државен натпревар на млади истражувачи на Македонија-НАУКА НА МЛАДИ во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија-НАУКА НА МЛАДИ
Работилницата и предавањата во областа на агротехничката култура со младите истражувачи и ментори ги одржа проф.др Љубица Каракашова, дипл.зем.инж.Александар Аранѓеловиќ, дипл.зем.инж Пере Митрев и на почеток се обрати и им посака добредојде сопственикот на овошниот насад г-дин Крсте Ѓоршевски. Од името на организаторите и учесниците голема благодарност до МОН, сопственикот на овошниот насад г-дин Крсте Ѓоршевски и неговата фамилија, предавачите проф.др Љубица Каракашова, зем.инж Александар Аранѓеловиќ и сите други учесници и подржувачи кои помогнаа успешно да се одржи оваа школа за млади истражувачи во областа на агротехничка култура, посета, предавања и практична реализација и поддршка на манифестацијата Препански јаболкобер со младите истражувачи и ментори од Народна техника на Македонијa.