54 Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија

17/18.10.2025 год Успешно се одржа 54 Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија -54-ДФНФ 2025 во Домот на културата Тошо Арсов во општина Виница . На свеченото отварање и официјалната проекција на 54 ДФНФ 2025 година се обрати и го отвори градоначалникот на општина Виница г-дин Миле Петков . Организатори на 54 ДФНФ 2025 година се Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија а беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, градоначалникот Миле Петков, општина Виница и домаќин беше домот на култура Тошо Арсов-Виница.