Успешно се одржа 61 Државен натпревар на млади техничари и природници на Македонија

На 25-26.10.2024 година се одржа 61 Државен натпревар на младите техничари и природници од Р.Македонија за ученици од основните училишта во 25 области од применети природни и технички науки на кој што тие се натпреваруваат и изработуваат истражувачки проекти и овој натпревар е единствен и традиционален од таков профил. Одржувањето на 61-иот Државен натпревар на младите техничари и природници на Р.Македонија на ден 26 октомври 2024 година беше со физичко присуство во ООУ „Ванчо Китанов“ во општина Пехчево. На 61 Државен натпревар се обрати, го отвори и ги посети штандовите со истражувачки и иновативни проекти на учесниците-ученици од основните училишта, градоначалникот на општина Пехчево, г-дин Александар Китански, а присутен беше и пратеникот г-дин Драган Ковачки, присутни беа и претставници од Собранието, претставници од Влада на РМакедонија , директори на училишта, образовни институции , бизнис сектор,и др