Успешно се одржа 62 Државен натпревар на млади техничари и природници на Македонија

На 16/17.05.2025 година се одржа 62 Државен натпревар на младите техничари и природници од Р.Македонија за ученици од основните училишта во 25 области од применети природни и технички науки на кој што тие се натпреваруваат и изработуваат истражувачки проекти и овој натпревар е единствен и традиционален од таков профил. Одржувањето на 62-иот Државен натпревар на младите техничари и природници на Р.Македонија на ден 17 мај 2025 година беше со физичко присуство во НСТУ „Наце Буѓони“ во општина Куманово. На 62 Државен натпревар се обрати, го отвори и ги посети штандовите со истражувачки и иновативни проекти на учесниците-ученици од основните училишта, претседателката на Совет на општина Куманово, г-ѓа Ивана Ѓорѓиевска , присутни беа и претставници од Собранието, претставници од Влада на РМакедонија ,гости од соседните држави , директори на училишта, образовни институции , бизнис сектор,и др