Меѓународна едукативна работилница за ученици и ментори од основни и средни училишта од Македонија и Бугарија

23.05.2025 год Кога нема политика има пријателство на млади истражувачи и иноватори, наука, истражување, иновации, еколошки проекти и заедничка дружба и размена на знаења на ученици и ментори од Македонија и Бугарија. Македонска екипа на наградени ученици и ментори предводена од Народна техника на Македонија учествуваше на Меѓународна едукативна работилница за ученици и ментори од основни и средни училишта од Македонија и Бугарија во Едукативниот центар во Софија а беше посетено и Собранието на Р.Бугарија и имавме прием кај г-дин Христо Терзииски . Потпишан и меморандум за соработка на Народна техника на Македонија-Пере Митрев,Македонија и Здружението за успех-Даниела Миланова , Бугарија во областа на образование, наука , истражување, иновации, екологија и техничка култура.