05-07.12.2025 г Свечено прогласување и доделување плакети, медаљи, дипломи и награди . Учесниците на традиционалната Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, нови технологии и производи, истражувачки проекти и младинско истражувачко и иновативно творештво 46-МАКИНОВА и 23-ЕКОНОВА 2025 имаа можност да ги презентираат своите иновативни проекти пред министерката во Министерството за образование и наука проф. др Весна Јаневска, пратеници и други претставници од Влада и др. После посетата на штандовите и презентацијата на иновативните и истражувачки проекти на учесниците министерката проф.др Весна Јаневска се обрати и ги поздрави сите учесници со пофални зборови и совет да продолжат со нивните иновативни и истражувачки проекти до крајна реализација и олеснување на секојдневниот живот на нашите граѓани . На настанот се обрати со поздравно писмо и го отвори покровителот на 46-МАКИНОВА и 23-ЕКОНОВА 2025 Претседателката на Македонија г-а Гордана Сиљановска Давкова. Оваа година покрај учесниците од нашата држава Македонија имаше учесници од Црна Гора, Бугарија, БИХ и Србија. Традиционално 46-МАКИНОВА и 23-ЕКОНОВА се организира по повод нашиот македонски учител и првиот словенски просветител Свети Климент Охридски и 79 години јубилееј на Народна техника на Македонија. Настанот беше во организација на Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија а поддржано од Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и ДЗИС. Настанот се одржа во средно стручно училиште Киро Спанџов Брко – Кавдарци од 05-07.12.2025 год. Голема благодарност од учесниците и организаторите до претседателката на Македонија г-а Гордана Сиљановска Давкова за покровителството, обраќањето и отварањето на настанот, до министерката во Министерство за образование и наука на Македонија проф. др Весна Јаневска за посетата на штандовите на учесниците , присуството и обраќањето до учесниците, до пратеничката Иванка Василевска Дамевска, директорката на биро за образование, пратеници и други претставници во делегацијата, директорот на ДЗИС Елјеса Незири, директорот м-р Душко Лазов, вработените и средното стручно училиште Киро Спанџов Брко – Кавадарци и гостите од соседните држави БИХ, Црна Гора, Бугарија и Србија.













