28.04.2026 Едукативна работилница за аматерски филм од 5 Филмска школа СТЕФАН СИДОВСКИ СИДО во организација на Народна техника на Македонија, Кино сојуз на Македонија, градоначалник Марија Нацева, општина Неготино и ООУСтрашо Пинџур-Неготино. На настанот се обратија градоначалничката Марија Нацева, директорот на Народна техника на Македонија Пере Митрев, директорката на ООУ Страшо Пинџур Љубица Толовска, началникот за образование на општина Неготино Цветанка Емшова а предавачи на работилницата беа М.А.Ф Петре Чаповски и М.А.Ф Јане Темелковски од Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија. Учесници ученици и професори од ООУ Страшо Пинџур -општина Неготино.






