УСПЕШНО СЕ ОДДРЖА 62 ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ НА МАКЕДОНИЈА И 63 ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА 2026

На ден 26.04.2026 година Свечено отварање и посета на штандовите со истражувачки проекти на ученици од основни и средни училишта на Јубилеен 62 Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија-НАУКА НА МЛАДИ и 63 Државен натпревар на млади техничари и природници на Македонија-СКМТП. На отварањето се обрати и ги отвори градоначалникот на општина Виница г-дин Митко Костадиновски а во организација на Народна техника на Македонија, Сојуз на здруженија на млади истражувачи на Македонија-НАУКА НА МЛАДИ , Сојуз на клубови на млади техничари и природници на Македонија-СКМТП а со подршка на Мининистерството за образование и наука на Македонија, општина Виница и градоначалник Митко Костадиновски и домаќин СОУ Ванчо Прке-Виница и директорката Сузана Трајкова. Благодарност до сите учесници ученици, ментори, основните и средните училишта, Министерството за образование и наука на Македонија, општина Виница, совет на општина Виница, градоначалник на општина Виница г-дин Митко Костадиновски, СОУ Ванчо Прке-Виница, учениците, вработените и директорката г-ѓа Сузана Трајкова.